Ултимејт Тексас Холдем

Основата на играта Ултимејт Тексас Холдем се наоѓа во Тексас Холдем Покерот кој претставува варијација на класичната игра Покер.

Ултимејт Тексас Холдем е игра во која играчот игра против дилерот. За играчот постои и бонус влог Trips на кој може да има добивка ако последните пет карти на играчот се трилинг или нагоре.

Играчот и дилерот вложуваат еднакви влогови на местата за Ante и Blind влог и добиваат по две карти. Тие ги комбинираат своите две карти со петте заеднички карти на масата за да направат најдобра "рака".

Ултимејт Тексас Холдем им дозволува на играчите да вложуваат агресивно. Колку порано вложат толку повеќе ризикуваат но може и повеќе да добијат. Ако вложувањето го извршат пред Flop може да вложат 3 или 4 пати од Ante влогот. Ако вложат на Flop може да вложат 2 пати од Ante влогот. Ако играат "check" до "River" кога сите заеднички карти се поделени, може да вложат 1 пат од Ante влогот.

На бонус влогот Trips кој играчите може да го играат по слободен избор, играчите може да остварат добивка ако нивната крајна "рака" има трилинг или нагоре. Табелата за добивки е отпечатена на чојата.

Број на шпилови, рангирање на картите и редослед на "рацете" 

Ултимејт Тексас Холдем се игра со еден шпил карти на масата, а се користат два шпила со различна боја од задната страна, кои се менуваат еден со друг на одреден временски интервал. Картите се сечат со карта за сечење. Секој шпил се состои од 52 карти составени од 4 еднакви низи и секоја низа содржи: Кец, Крал, Дама, Џандар, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 кои се нарекуваат комплетен шпил.

Рангот на картите почнувајќи од највисоката кон најниската е: А, К, Q, Ј, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, и 2. Кецовите можат да се рангираат како највисока карта (на пр.А, К, Q, Ј, 10) или како најниска карта (на пр.5, 4, 3, 2, А). Сите други карти се бројат како што се означени. Ниту една низа (боја) нема повисок ранг од другите. Значи срце ♥, треф ♣, каро ♦ и пик ♠ имаат ист ранг.

  1. Редоследот на рацете од највисоката кон најниската е следниов:
  2. Ројал Флеш: 10, Ј, Q, К и А од иста боја;
  3. Стрејт Флеш: Било кои пет карти од иста боја по ред со 9, 10, J, Q и К како најсилен стрејт флеш и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт флеш;
  4. Каре: Било кои четири карти со иста вредност (4А, 4К, 4Ј...);
  5. Фул (Хаус): Било кои три и било кои две карти со иста вредност (3К и 2Ј...);
  6. Флеш: Било кои пет карти од иста боја;
    • Во случај кога играчот и дилерот имаат флеш (боја), добива бојата од оној кој има највисоко рангирана карта. Ако и за играчот и за дилерот важат највисоки по ранг заеднички карти, одлучувачка е следната помала по ранг сопствена карта.
  7. Стрејт: Било кои пет карти од различна боја по ред со 10, Ј, Q, К и А како најсилен стрејт и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт;
  8. Трилинг: Било кои три карти со иста вредност;
  9. Два пара: Било кои два пара карти со иста вредност;
  10. Пар: Било кои две карти со иста вредност;

Табела за исплати

Hand Trips Bonus  Blind 
Royal Flush 50 to 1 500 to 1
Straight Flush 40 to 1 50 to 1
Four of a Kind 30 to 1 10 to 1
Full House 8 to 1 3 to 1
Flush 7 to 1 3 to 2
Straight 4 to 1 1 to 1
Three of a Kind 3 to 1  

 

Сите добивки се исплаќаат до максималната сума во износ од 5000 EUR, која видно ќе биде означена на таблата на масата.