Американски рулет

Рулет може да се игра со "Кеш Жетони" или со "Жетони во боја". Жетоните во боја кои не се означени со вредност едноставно се даваат за да се одделат вашите жетони од жетоните на другите играчи и да се избегне забуната кои жетони на кој играч му припаѓаат. Ниту еден друг играч не може да ја користи вашата боја додека играте со тие жетони.

Жетоните во боја не може да ги играте на друга маса а нивната вредност обично го претставува минимумот означен на табла која се наоѓа на масата, освен ако не назначите поинаку. На почетокот на вашето играње, меѓу две вртења на топчето, ставете кеш жетон или пари на масата за рулет и кажете му на крупието што сакате, на пример ‚‚Боја ве молам‛. Кога ќе завршите со играта си што треба да направите е да му кажете на крупието ‚‚Кеш ве молам‛‛ и да покажете на вашите жетони. Крупието ќе ги земе, ќе ги изброи во штеки и ќе ви даде ‚‚Кеш Жетони‛‛ за нив. Тие ‚‚Кеш Жетони‛‛ може да ги замените на касата за пари или може да ги искористите за играње на која било друга маса во нашето казино. 

Кога играте Рулет, може да ставате влогови на било кој број или комбинација од броеви, на црвено или црно, на пар или непар, на високи или ниски броеви на колони или дузини. 

Тркалото, или цилиндарот, содржи 37 броеви – 18 црвени, 18 црни и нула 0, која е обоена со зелена боја. Крупието го врти тркалото во една насока додека топчето го врти во обратна насока. Бројот во кој ќе заврши топчето е чиста случајност и тоа е она што ја прави играта толку возбудлива. 

Најдобар начин за илустрација на системот на вложување е според вложување еден жетон како што следува:

ДОБИВКИ

  • За вложување на црвено или црно, пар или непар и високи или ниски броеви исплатата е еднаква на влогот 1 – 1.
  • За групи од 12 броеви во колони и дузини исплатата е 2 – 1.
  • Секој поединечен број се исплаќа во однос 35 – 1.
  • За било кои два броја во група исплатата е 17 – 1.
  • За било кои три броја во група исплатата е 11 – 1.
  • За било кои четири броја во група исплатата е 8 – 1.
  • За било кои шест броја во група исплатата е 5 – 1.
  • Кога ќе биде завртена 0, сите влогови на колони и дузини, црвено и црно, пар и непар, високи и ниски ќе загубат.

Секоја добитна комбинација жетони крупието брзо ја пресметува и ја подготвува исплатата. Исплатата може да биде во комбинација од жетони во боја наредени во штеки од по 20 жетони и кеш жетони. За да се избегнат грешки, секоја добитна комбинација и исплата ја надгледува инспектор.