Блекџек

Ле Гранд Казино во Скопје располага со 3 маси а во Битола располага со 4 маси за Блекџек за жива игра.

Кога почнува играта и за време на играта, картите се мешаат рачно од страна на професионален крупие. Целта на играта е да се добијат карти чиј збир е поблиску до 21 од збирот на картите на крупието без да се премине преку 21. Картите се вадат од така наречен "чевел" или "сабо". Жетоните ги ставате во специјално определен простор на чојата наречен "бокс". Ви се делат две карти додека крупието си дели една карта. Картите се делат со лицето нагоре така да можете да ја видите нивната вредност.

КАКО СЕ ИГРА

Сликите (Џандар, Дама и Крал) се бројат како 10. Кецовите се бројат како 1 или 11, а сите други карти (2, 3, 4, 5, 6, 7. 8. 9. 10) се бројат според својата пишана вредност.

 Ако вашите први две карти имаат збир 21, значи имате Блекџек.

Крупието ќе објави ‚‚Блекџек‛‛ и ќе ви исплати во однос 3 за 2. Во случај и вие и крупието да имате Блекџек резултатот ќе биде нерешен. Тоа се нарекува ‚‚исто‛‛ и вие ниту добивате ниту губите. Како и да е, ако крупието направи збир 21 со три или повеќе карти, вашиот Блекџек победува.

Ако немате Блекџек на првите две карти, може да одлучите да застанете (да не барате повеќе карти), или да побарате една или повеќе карти додека не одлучите да застанете или додека збирот на вашите карти не надмине 21 во кој случај губите. Крупието мора да влече карта на збир од 16 или помалку и да стои на збир од 17 или повеќе. Ако збирот на картите на крупието премине 21 тогаш сите ‚‚раце‛‛ кои останале на масата мора да бидат исплатени.

Ако завршите со збир поблизу до 21 отколку што има крупието тогаш сте победиле и ќе бидете исплатени во однос 1 за 1. Ако збирот на вашите карти е еднаков со збирот на картите на крупието тогаш резултатот е нерешен. Во случај крупието да има Блекџек вие губите освен ако и вие исто така немате Блекџек во кој случај резултатот е нерешен. Играчите во оваа игра може да стават влог на бокс (просторот за игра на играчот), или позади влогот на друг играч. Дозволено е на еден бокс да вложуваат до три играчи со тоа што вкупниот збир на сите влогови не смее да го надмине максимумот на таа маса кој е изложен на специјална табла за минимум и максимум влогови.

ВАЖНО

Не смеете да ги држите, повлечете од маса или да ги замените картите кои се користат во играта Блекџек. За да му сигнализирате на крупието дека сакате да добиете карта едноставно кажете ‚‚карта‛‛ или направете движење со раката на чојата кон вас. За да престанете да добивате карти кажете ‚‚доста‛‛ или направете отсечно хоризонтално движење со раката. И покрај тоа што крупието гласно го објавува збирот на вашите карти, одговорноста за проверка на точниот збир е ваша.

СПЛИТУВАЊЕ

Ако вашите први две карти имаат иста вредност, може да ги сплитувате (поделите), со тоа што ќе ставите ист влог како основниот и така ќе се формираат две посебни ‚‚раце‛‛. Дозволено е сплитување до три пати на бокс. Ако сплитувате кецови ќе добиете само по една дополнителна карта на секој кец. Ако добиете карта со вредност 10 на едниот или двата кеца тоа се брои како 21, а не како Блекџек. Се исплаќа 1 за 1.

ДУПЛИРАЊЕ

Може да го дуплирате основниот влог на било кои први две карти со тоа што ќе ставите дополнителен влог во ист износ како основниот влог. Потоа ќе добиете само една карта. Не може да се бараат дополнителни карти. Дуплирањето е дозволено и на сплитувана ‚‚рака‛‛.

ОСИГУРУВАЊЕ

Секогаш кога првата карта на крупието е кец тој ќе објави ‚‚осигурување‛‛ и вие може да ставите дополнителен износ не поголем од половината на основниот влог со кој ќе го осигурите, во случај крупието да добие Блекџек.

Осигурувачкиот влог се става на линијата за осигурување на чојата. Сите осигурувачки влогови се ставаат веднаш откако ќе биде поделена втората карта на секој играч и пред да бидат поделени дополнителни карти.

 Ако крупието добие Блекџек, го губите основниот влог но за влогот ставен како осигурување добивате исплата во однос 2 за 1. Оној играч кој ќе добие Блекџек после втората поделена карта, нема право да стави осигурувачки влог.

ПРЕДАВАЊЕ НА ВЛОГОТ (surrender)

Во случај да не сте задоволни од комбинацијата на вашите две први карти, а пред поделувањето на трета, имате можност, откако крупието ќе најави, да побарате да ви врати половина од влогот а половина му предавате. Истото важи и доколку првата карта на крупиеот е Кец.

 БОНУС ПАРОВИ

Ова е дополнителна игра во самата игра Блекџек, која е достапна на некои од масите, и може но не мора да ја играте. Ако ја играте треба да ставите дополнителен влог на аголот на боксот за вложување. Потоа ако двете првоподелени карти ви се пар на пр. 2 и 2, 7 и 7, 10 и 10, Ј и Ј итн. тогаш сте квалификувани за добивка. Исплатата на добивките се врши според следниов однос:

за било кој пар со различна боја и различен знак 6 за 1
за било кој пар со иста боја и различен знак 12 за 1
за било кој пар со иста боја и ист знак 25 за 1