Texas Hold'em Poker

Во Ле Гранд Казино во Скопје има 2 маси за Тексас Холдем Покер на кој е овозможена жива игра. На една маса може да играат од 2 до 10 играчи во исто време.


Основни карактеристики на играта

1. Тексас Холдем Покер е варијација на покер во кој се користат пет заеднички карти во спој со две сопствени карти на секој играч посебно. Има четири круга на вложување со неограничен број зголемувања на влоговите.

2. Во играта може да учествуваат минимум 2, а максимум 11 играчи на масата за Тексас Холдем.

3. Таканаречено дилерско копче (или маркер) ќе се предава на секој нареден играч во насока во која се движат стрелките на часовникот после секој круг на игра.

4. “Blinds” или влогови на слепо или на невидено, се пласираат од двајцата играчи кои седат после копчето во насока во која се движат стрелките на часовникот, прво "Small Blind" па "Big Blind".

5. Ниту еден играч не може да ги пропушта "Blinds". Ако некој "Blind" е пропуштен тој мора да биде надокнаден со самото продолжување на играта. Ако двата "Blinds" се пропуштат тогаш "Big Blind" мора да биде вложен, а “Small Blind" мора да биде предаден во потот.

6. Ако некој играч го пропушти својот "Blind" во два последователни круга, по враќањето во игра, во зависност од тоа каде се “Blinds” и копчето во тој момент, ќе треба да вложи “Big Blind” како во ситуациите за нов играч.

7. Ако играчот на местото на “Small Blind” замине, нов играч смее да седне на тоа место меѓутоа мора да вложи “Big Blind”.

8. Нов играч не може да влезе во игра на местото помеѓу копчето и "Blinds", односно тој треба да почека копчето да го помине неговото место.

9. Картите ги меша, сече и дели вработен дилер кој не може да земе учество како играч во играта.

10. Редоследот на местата за седење на играчите на масата се одредува со извлекување карти. Почетната позиција на копчето ќе биде кај првиот играч лево од дилерот.


Процедури за делење и вложување

во Тексас Холдем Покер

1. Делењето карти и вложувањето од страна на играчите се врши по следниов редослед: рамен кружен диск наречен "копче" се користи за да се одреди фиктивен дилер. Ова копче ќе ротира околу масата во насока во која се движат стрелките на часовникот со секој круг на игра.

2. Од играчот кој се наоѓа веднаш лево од копчето се бара да го започне почетното вложување со тоа што ќе го стави "Small Blind". Играчот лево од него го става "Big Blind" во согласност со изложените барања на масата.

3. Додатен таканаречен "доброволен" влог (straddle bet), може да биде ставен од играчот веднаш лево од "Big Blind". Следниве правила се однесуваат на тој влог:

а) Само еден "доброволен" влог (straddle bet) е дозволен на секое делење.
б) Тој е секогаш со двојна вредност од "Big Blind".
в) Доброволниот влог се става пред играчот да добие карти.
г) Доброволниот влог се смета како жив Blind”, “Live Blind“ извршен уште пред поделувањето на сопствените карти на играчите, што значи дека играчот има можност да изврши зголемување на влогот кога ќе му дојде време да изврши акција во првиот круг на вложување.
д) Играчот кој става “straddle bet”, мора тоа гласно да го најави за да може да биде потврдено од дилерот. Ако не го најави гласно и не биде потврдено од дилерот, а сопствените карти се поделат, тогаш играчот ќе го загуби правото на зголемување на својот “straddle bet” кога ќе му дојде редот за акција во првиот круг на вложување. Дилерот нема обврска да ги потсетува играчите да вложат “straddle bet”. Дилерот исто така нема обврска да најави вложен “straddle bet” ако претходно играчот не го сторил тоа.

4. Дилерот ги дели картите со лицето надолу една по една почнувајќи со првиот играч после копчето а  кој го вложил "Small Blind", и продолжува да дели во насока на стрелките на часовникот додека сите активни играчи на масата не добијат по две карти.

5. Првиот круг на вложување започнува со играчот лево од "Big Blind" и завршува со играчот кој го вложил "Big Blind". Секој играч вклучувајќи ги и играчите кои ги пласирале "Blinds" ќе има можност да се откаже, да го вложи истиот износ или да го вложи истиот износ и да го зголеми влогот во зависност од тоа каква акција извршиле претходните играчи.

6. Дилерот потоа ја "гори" горната карта од шпилот и продолжува со тоа што дели три заеднички карти една по една од шпилот свртени со лицето надолу една врз друга и потоа ги зема и ги превртува раширувајќи ги со лицето нагоре една до друга на средината на масата. Овој дел од играта е познат под името "The Flop".

7. Вториот круг на вложување продолжува со првиот активен играч лево од копчето кој има можност да вложи, да стои или да се откаже. Минималниот износ кој можe да го вложи е износот на “Big Blind”, а максималниот е колку што изнесува моменталната вредност на потот. Останатите играчи може да се откажат, да го вложат истиот износ, да го вложат истиот износ и да го зголемат влогот, да вложат почетен влог или да стојат во зависност од тоа каква акција извршиле претходнитe играчи. Кругот на вложување ќе се смета дека е завршен кога секој играч или ќе се откаже или ќе одговори соодветно на последниот влог.

8. Откако ќе заврши вториот круг на вложување дилерот повторно ќе ја "изгори" горната карта од шпилот и ќе подели уште една четврта карта со лицето нагоре која ќе ја додаде на зедничките карти. Овој дел од играта е наречен  “The Turn”.

9. Третиот круг на вложување ќе продолжи со првиот активен играч кој седи лево од копчето и кој може минимум да ја вложи вредноста на “Big Blind”, да го вложи било кој износ поголем од минимумот а кој не го надминува максимумот, да стои, или да се откаже. Останатите играчи може да го вложат истиот износ, да го зголемат влогот, да вложат почетен влог, да стојат или да се откажат, во зависност од тоа каква акција извршиле претходните играчи.

10. Кога ќе заврши третиот круг на вложување, дилерот ја "гори" горната карта од шпилот и ја дели петтата и последна карта со лицето нагоре која ја додава на заедничките карти. Овој дел од играта е наречен "The River".

11. Четвртиот и последен круг на вложување започнува како и во претходниот круг со првиот активен играч лево од копчето кој може како минимум да ја вложи вредноста на "Big Blind", да го вложи било кој износ поголем од минимумот а кој не го надминува максимумот, да стои или да се откаже. Останатите играчи може да се откажат, да го вложат истиот износ, да го зголемат влогот, да вложат почетен влог или да стојат во зависност од тоа каква акција извршиле претходните играчи. Веднаш по делењето на последната карта изгорените карти се ставаат на врвот од останатите карти од шпилот кои останале неподелени.

12. Откако ќе се постават сите влогови и ако остане повеќе од еден играч, со отворањето на картите на играчите ќе се одреди на кој играч ќе му припадне потот. Овој дел од играта е познат како "The Showdown".

13. Играчите ја формираат најдобрата "рака" од пет карти со правење комбинација од своите две карти и петте заеднички карти кои се наоѓаат на масата. Играчот најдобрата "рака" може да ја формира со користење на:

а) своите две сопствени карти и три заеднички
б) една сопствена карта и четири заеднички; и
в) петте заеднички карти.

Добитник на потот ќе биде оној играч кој има најдобро рангирана рака од пет карти.

14. Ако преостанатите играчи ги искористат петте заеднички карти за да формираат најдобра рака (во овој случај нивните сопствени карти немаат придонес во формирањето најдобро рангирана рака), или направат комбинација од сопствените со заедничките карти и имаат раце со еднаква вредност, сите активни играчи во раката ќе го поделат потот подеднакво.


Правила кога играат двајца играчи на масата

(Heads Up Play)

Кога на масата има двајца активни играчи, “Small Blind” го става секогаш играчот кај кого стои копчето. Прв карта ќе добие играчот кај кого е “Big Blind” значи се запазува правилото првиот играч после копчето. Потоа, значи пред “Flop”, играчот кај кого е “Small Blind” секогаш прв врши акција. Може само да го надополни “Big Blind”, може минимум да покачи, да вложи пот, или да се откаже. Потоа, во однос на неговата акција, на ред е да одговори играчот кај кого е “Big Blind”. Ако играчот кај кого е “Small Blind” само го надополни “Big Blind”, другиот играч може да стои, може да изврши минимално покачување, да вложи пот или да се откаже. Во другите случаи одговара согласно на извршената акција. После “Flop”, значи по вадењето на трите заеднички карти, во сите останати кругови на вложување прв врши акција секогаш играчот кој седи после копчето, односно играчот кај кого е “Big Blind”.                        


Посебни правила за “Pot Limit”

1. Во играта “Pot Limit” дозволен е неограничен број зголемувања на влоговите во износ кој не ја надминува големината на потот.

2. Ако се стави влог кој ја надминува големината на потот, вишокот ќе биде вратен на играчот кој го ставил тој влог колку што е можно побрзо, и износот ќе биде ограничен на максимално дозволениот.

3. Дилерот или било кој играч во играта може и треба да реагира ако забележи влог кој ја надминува големината на потот.

4. Минималниот износ кој играчот може да го зголеми е износот на претходниот влог или покачување во истиот круг на вложување, секако откако прво ќе одговори на претходниот влог.

5. Максималниот износ кој играчот може да го зголеми е износот на потот откако ќе вложи влог еднаков на претходниот влог. Така на пример ако потот изнесува 100 € и некој стави влог од 50 €, следниот играч може да одговори на влогот со тоа што ќе стави 50 € и ќе изврши зголемување на потот од 200 € со што неговиот целосен влог ќе изнесува 250 €.

6. Во играта “Pot Limit”, “Small Blind” се третира како да е со иста големина на “Big Blind” во пресметувањето на големината на потот. Тоа значи дека играчот после “Blinds”, во првиот круг на вложување, може да стави влог мaксимум 4 пати поголем од големината на “Big Blind”. На пример, ако “Blinds” изнесуваат 5 € и 10 €, играчот може да стави влог од 40 €. Значи вложил 10 € “Big Blind” и извршил покачување уште за 30 € што значи дека и потот го зголемил за тие 30 €.

За време на турнири со “Pot Limit”, вообичаено се користи вистинската вредност на “Small Blind” и играчот после “Blinds”, во првиот круг на вложување, може да стави влог максимум 3,5 пати поголем ог големината на “Big Blind”.

7. Во “Pot Limit” минималниот влог на почетокот на секој круг на игра е износот на “Big Blind”. Влогот или покачувањето мора да бидат еднакви или да ја надминуваат вредноста на претходниот влог или покачување. Минималното покачување кое некој играч може да го изврши е 100% од износот на претходното покачување или ако  бил вложен само “Big Blind”, тогаш минималното покачување ќе биде само износот на Big Blind” секако откако прво ќе се подмири износот на “Big Blind”. Поткрепено со примери тоа изгледа вака:

Ако во круг на вложување со мин. и макс. на влоговите на маса 5/10 каде што “Small Blind” е 5 €, а “Big Blind” е 10 €, првиот играч го вложи “Big Blind”, вториот може да стави 10 € како одговор на првиот и да направи минимално зголемување од 10 €, значи вкупно вложил 20 €. Следниот играч после него ако сака да изврши минимално покачување треба да стави 30 €, значи со тоа да одговори на претходните 20 € и да изврши минимално зголемување од 10 € со што одговорил 100% на претходното покачување кое беше во износ од 10 €.

Или ако првиот играч вложи 75 €, вториот треба да му одговори со 75 € и потоа да изврши минимално покачување од нови 75 € што е 100% износ на претходниот влог и значи дека вториот играч вложил вкупно 150 €.

Третиот играч треба да одговори на претходниот влог значи треба да стави 150 € (со нив всушност одговорил на влогот од 75 € од првиот играч и 75 € на покачувањето од вториот играч), и ако сака да изврши минимално зголемување треба да стави 100% од претходното зголемување а тоа е 75 €, што значи дека тој играч вложил вкупно 225 €. Четвртиот играч аналогно на сето ова ако сака да изврши минимално покачување треба да стави 225 € и нови 75 € со што вкупно ќе вложи 300 € (значи 4 пати X 75 €). Овде важи формулата C ═ B + (B - A), каде A е првиот, B е вториот, а C третиот играч.

Обично двојно покачување ќе има само ако на пример првиот играч вложи 100 € и вториот ако сака минимум да покачи ќе вложи 200 €, што значи дека одговорил 100 € на претходниот влог и покачил минимум 100% од претходниот влог а тоа е нови 100 €. Третиот ако сака исто како и вториот да покачи минимум ќе стави 300 € итн.

8. Износот на минималното покачување после “straddle bet” е еднаков на “Big Blind”.

9. Максималниот влог кој некој играч може да го стави кога ќе му дојде редот за акција е моменталниот износ на потот.