Тексас Холдем Покер (со Пот Ограничување)

Вовед

Тексас Холдем (или кратко "Холдем"), е најпопуларна верзија на играта Покер во казината и специјалните соби за покер низ цела Северна Америка и Европа. Нејзината популарност во моментов со голема брзина се шири и во казината во Австралија. Поттикнато од популарноста на големите настани како што се “Светската Турнеја во Покер” и “Светската Серија во Покер”, кои може да се пратат на телевизиските екрани во живо со посредство на сателитските и кабелските телевизии, играњето Тексас Холдем стана секојдневие и омилено хоби на многу играчи кои го практикуваат играјќи и на интернет.

Начин на играње

Тексас Холдем Покер е игра во која има четири круга на вложување.

  1. Еден играч претставува фиктивен дилер. Оваа позиција се нарекува копче и ротира во насока во која се движат стрелките на часовникот.
  2. Двајцата играчи лево од копчето ги ставаат Small Blind и Big Blind - или влогови на слепо или на невидено Blind Bets. Тие се единствените двајца играчи кои ставаат влогови кои учествуваат во потот уште пред да бидат поделени првите карти. Blinds исто како и копчето ротираат околу масата во правецот во кој се движат стрелките на часовникот после секој круг на игра и секој играч ќе добие можност да ги вложи кога ќе му дојде редот за тоа.
  3. Секој играч добива две карти свртени со лицето надолу. Тие се познати како сопствени карти.
  4. Првиот круг на вложување во минимум износ колку што изнесува вредноста на Big Blind, а максимум колку што изнесува вредноста на потот, започнува со првиот активен играч кој седи веднаш лево од Big Blind, и продолжува со останатите активни играчи во насока во која се движат стрелките на часовникот.
  5.Кога ќе заврши првиот круг на вложување дилерот поделува три заеднички карти свртени со лицето нагоре на масата. Тоа се нарекува The Flop.
  6. Вториот круг на вложување во минимум износ колку што изнесува вредноста на Big Blind, а максимум колку што изнесува вредноста на потот, започнува со првиот активен играч кој седи лево од копчето и продолжува со останатите активни играчи во насока во која се движат стрелките на часовникот.
  7. Кога ќе заврши вториот круг на вложување дилерот поделува четврта заедничка карта свртена со лицето нагоре на масата. Тоа се нарекува The Turn.
  8. Третиот круг на вложување започнува со првиот активен играч кој седи лево од копчето и кој мора минимум да ја вложи вредноста на Big Blind, а максимумот е определен со вредноста на целиот пот. Вложувањето продолжува со останатите активни играчи во насока во која се движат стрелките на часовникот.
  9. Кога ќе заврши третиот круг на вложување дилерот поделува петта заедничка карта свртена со лицето нагоре на масата. Тоа се нарекува The River.
  10. Четвртиот круг на вложување со минимум влог колку што е вредноста на Big Blind, а максимум колку што изнесува вредноста на потот, започнува со првиот активен играч кој седи лево од копчето и продолжува со останатите активни играчи во насока во која се движат стрелките на часовникот.
  11. Потоа преостанатите играчи ги отвораат картите и играчот со најдобрата комбинација го добива потот. Тоа се нарекува The Showdown.

Во играта Pot Limit дозволен е неограничен број зголемувања на влоговите во износ кој не ја надминува големината на потот.
Играчите може да направат комбинација од пет карти користејќи ги своите две сопствени карти и петте заеднички карти за да формираат најдобра “рака”, Best Hand. Тоа е можно со користење на двете сопствени и три заеднички карти, со користење на една сопствена и четири заеднички карти или со прифаќање на петте заеднички карти без користење на ниту една сопствена карта.

Уживајте во играта.

Рангирање на картите и редослед на "рацете"

Тексас Холдем Покер се игра со комплетен шпил кој се состои од 52 карти составени од 4 еднакви низи и секој низ содржи: Кец, Крал, Дама, Џандар, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 кои се нарекуваат комплетен шпил.

Рангот на картите почнувајќи од највисоката кон најниската е: А, К, Q, Ј, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, и 2. Кецовите можат да се рангираат како највисока карта (на пр.А, К, Q, Ј, 10) или како најниска карта (на пр.5, 4, 3, 2, А). Сите други карти се бројат како што се означени. Ниту една низа (боја) нема повисок ранг од другите. Значи срце ♥, треф ♣, каро ♦ и пик ♠ имаат ист ранг.

Редоследот на рацете од највисоката кон најниската е следниов:
  1. Ројал Флеш (Royal Flush): 10, Ј, Q, К и А од иста боја;
  2. Стрејт Флеш (Straight Flush): Било кои пет карти од иста боја по ред со 9, 10, J, Q и К како најсилен стрејт флеш и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт флеш;
  3. Каре (Four of a Kind): Било кои четири карти со иста вредност (4А, 4К, 4Ј...);
  4. Фул (Хаус) - (Full House): Било кои три и било кои две карти со иста вредност (3К и 2Ј...);
  5. Флеш (Flush): Било кои пет карти од иста боја;

  •  Во случај кога двајца или повеќе играчи имаат флеш (боја), во ист круг на игра, добива бојата од оној играч кој има највисоко рангирана карта. Ако за двајца или повеќе играчи важат највисоки по ранг заеднички карти, одлучувачка е следната помала по ранг сопствена карта.

  6. Стрејт (Straight): Било кои пет карти од различна боја по ред со 10, Ј, Q, К и А како најсилен стрејт и А, 2, 3, 4 и 5 како најслаб стрејт;
  7. Трилинг (Three of a Kind): Било кои три карти со иста вредност;
  8. Два пара (Two Pairs): Било кои два пара карти со иста вредност;
  9. Пар (One Pair): Било кои две карти со иста вредност;
  10. Највисока карта (High Card): Пет различни карти по боја и вредност кои не може да се спарат и се вреднува највисоко рангираната карта.